Кои се Quattroruote
Тесла го тресе беспарица!
Иако досега има повеќе од 1.000 нарачки за својот родстер на електропогон, во компанијата "Tесла моторс" се соочуваат со финансиска криза. Таа може да влијае следниот автомобил да се појави една година подоцна од планираното и најавеното. Минатата недела бил именуван нов "прв оперативец" а во план е дури и отпуштање на работници.
"Модел С седан" најверојатно ќе се појави дури кон крајот на 2010 година, а за разлика од постоечкиот "родстер" кој според изгледот доста потсетува на "лотус елисе", ќе има оригинален дизајн. Сепак дизајнот уште не е конечен, а најголемиот удел во конечниот изглед ќе има новиот шеф на дизјан, Франц фон Холцхаусен.
"Модел С" се опишува како конкурент на автомобилите како што се "лексус ГС 450х" и "мерцедес Е класа дизел".

назад кон вестите











корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети