Според истражувањата на германскиот магазин "Ауто Билд", за најдобар европски производител на автомобили е прогласен "Опел". Во истражувањето, "Ауто Билд" опфатил 22 автомобилски бренда од целиот свет на врз основа на добиените резултати го објави извештајот за квалитет за 2008 година.
Исто како и во 2005 и 2006 година, "Опел" доби најдобри оценки на подрачјето на доверливоста, долгорочниот квалитет и задоволство на купувачите.
Извештајот се фокусира на возила со просечна старост меѓу 3 и 7 години. Врз основа на истражувањето во кое биле вклучени 24.000 сопственици на возила, извештајот за квалитет за 2008 година ги рангира автомобилските брендови врз основа на:
- гарантните услови (Опел дава 6 години гаранција на новите возила од јануари 2008 година)
- резултатите од ТУВ извештаите
- жалбите и дополнителните повикувања на вонредни прегледи кои пристигнале во "Ауто Билд"
- гаражните тестови
- долгорочните тестови спроведени од страна на "Ауто Билд"
назад кон вестите
Најчитани вести
- Со еден резервоар - 1.689,7 км.!
- Volkswagen Golf Plus "претставен" предвреме
- Бесплатно гориво за руските возачи
- Потврдено појавувањето на Alfa Romeo 149
- Опел прогласен за најдобра европски призводител
- "Мерцедес" ги крати конфузните имиња
- "Алфа МиТо" е автомобил на годината?
- Европа бара единствено означување на гумите
- Тесла го тресе беспарица!
- "ЏМ" без помош може да банкротира











