Кои се Quattroruote
Volkswagen ја зголеми продажбата за 16%
Најголемиот европски производител на автомобили, заклучно со јуни, забележал раст во продажбата од 16% во споредба со истиот период лани или пласирани вкупно 3,58 милиони возила.

И покрај тоа што на домашниот пазар во Германија е забележан пад од 14% во однос на лани, пред се поради укинувањето на системот „старо за ново“, Volkswagen на светско рамниште бележи пораст во продажбата од 16%. Овој успех се темели на извонредниот пласман на возилата во Јужна Америка и во Кина. Имено, близу една четвртина од возилата се пласирани во Кина.

По 14 месеци постојан пораст, во јуни, во  Кина е забележан пад на пазарот од 19,4%, но во Volkswagen се оптимисти и сметаат дека ќе остварат позитивен резултат на годишно ниво. Гледано низ призма на бројки Volkswagen годинава забележал половичен успех на пазарот во Германија, во однос на оствареното во Кина.

 


назад кон вестите











корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети