Кои се Quattroruote
Renault Megane RS со 250 коњски сили претставен во Македонија
Објавено на: 05.02.2010
Увозникот на Renault за Македонија, Аутомотив Груп, го претстави новиот Megane RS

Новата генерација на Megane RS, која светската премиера ја имаше на салонот во Франкфурт, си најде пат и до македонските купувачи. Во тоа несебично и помогна и 2,0 литарскиот мотор, од кој, со користењето на нови технологии, како на пример турбо компресорот со двојно регулирање, се извлечене максимални 250 коњски сили при 5.500 вртежи во минута, а од максималниот вртежен момент од 340 Нм кој го остварува при 3.000 вртежи, об/мин, 80% се на располагање уште при 1.900 вртежи во минута, што осигурува постојано голема резерва на сила во целиот работен дијапазон. Менувачот му е шестстепен механички и ги задвижува предните тркала.

Megane RS skopje

За прв пат во RS серијата, Renault понуди две варијанти на подвозјето - Sport, која е наменета за секојдневно уживање во коњските сили и овозможува оптимална комбинация от комфорот, стабилноста и возните својства и варијантата Cup наменета за зависниците од бркањето стотинки секунди на тркалиштата, која има потврдо ослонување и самоблокирачки диференцијал за постигнување на подобри резултати.

Надворешниот дизајн му се разликува од Megane Coupe во однос на спортските елементи: централно монтираната издувна цевка, задниот спојлер, предниот спојлер со нос како кај F1 болидите и LED дневни светла, а внатре има алуминиумски педали, спортски седишта (кои можат да бидат Recaro), спортски волан и информативен дисплеј кој ги покажува моменталната моќност на моторот, времето на забрзување до 100 km/h, страничните инерцијални сили, времињата по круг и слични екстази задоволства.

megane rs back

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети