Објавено на: 11.03.2010
Кога купувате чевли, нормално е прво да ги пробате, па зошто тоа и да не го сторите кога купувате нов автомобил?

Ако пробувате чевли кои чинат неколку илјади денари и кои ги носите една сезона, купувањето автомобил кој чини неколку стотици пати повеќе и кој треба да се користи повеќе години е апсурдно без да се проба. Но, практиката на потенцијалните купувачи да им се понуди тест возење на моделот за кој се заинтересирани, која веќе е одомаќинета и кај нас, не секогаш се почитува дури и во пазарно најразвиените економии, иако битката за секој купувач, посебно во овие кризни времиња, треба да биде приоритет на секој продавач, посебно кога купувачот сам изразил желба своите пари да ги потроши токму за производот што тој го продава.
Така, според истражувањето извршено на 2.500 купувачи кои побарале тест возење на некој модел од вкупно апсолвираните 19 марки, открива голема несериозност кај европските дилери на взоила, меѓу кои предничат италијанските, кај кои дури и после две недели 81% од барањата за тест возење останале без никаков одговор. Не се многу подобри и шпанските дилери на возила, кои во 76% од случаите после 14 дена не контактирале со потенцијалните купувачи, кај француските процентот на неодговорени барања изнесува 69%, кај руските 64%, кај холандските 63%, германските 53%, а кај британските дилери 46%.
Дали после ова треба да се запрашаме кој всушност е виновен за незавидната ситуација во која се најде автомобилската индустрија последниве години?
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Opel нуди седишта кои вентилираат и ладат
- Volkswagen ја купува Alfa Romeо?
- „Се продава Yugo од 1987 година, одлично сочувано"
- Fiat во Крагуевац ќе произведува минивани
- Најголем забавен Ферариев парк во Абу Даби
- Нов успех за Audi TT
- За Koenigsegg Trevita 2,21 долари
- Chevrolet горд на Шпанците
- Батериите на Volt со 8 години гаранција
- Нов штрајк ја тресе Honda во Кина















