Објавено на: 11.03.2010
Со бројни освежувања и подобрувања, Lotus предвреме ќе го внесе моделот Elise во 2011 година. Дизајнерски освежениот двосед стар 14 години ќе биде препознатлив по новите браници со поширока маска и светлата со ЛЕД елементи. Измени има и на задниот дел на Elise, кој во својата основна S верзија во себе ќе здомува 1,6 литарски Dual VVT-i Valvematic мотор со 136 коњски сили од Toyota, како замена за досегашниот 1,8 литарски мотор со исто толкава сила. Новиот мотор располага со нешто помал максимален вртежен момент од 160 Nm, но и за 23% подобра економичност, која му овозможува 100 km да помине со 6,1 литар гориво. Подобрена е и емисијата на издувни гасови, а малата тежина од само 876 kg му овозможува забрзување до 100 km/h за 6,7 секунди и постигнување максимални 200 km/h. И R верзијата на Elise 2011 со 192 коњски 1,8 литарски мотор и компресорската SC верзија со 220 KS ќе го имаат новиот шестстепен менувач, со кој ќе се обидат да докажат дека моделите на Lotus се најекономичните и најеколошките од сите спортски автомобили во светот.
Верувајќи во своите нови производи, кои ќе се најдат на пазарот веќе од април, Lotus ја зголеми гаранцијата од 2 на 3 години, но со ограничување од 36 илјади милји (58 илјади километри).
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- „Мече" со остри заби!
- Виорот на редизајнот го зафати и Caddy
- Зошто не и BMW Х4?
- Од Mazdа најавуваат CX-5 за догодина
- Audi A7 Sportback стана реалност
- Seat Ibiza ECOMOTIVE меѓу „најзелените“
- Конечно SUV од Lamborghini
- Електромобилот на Honda пристигнува во 2012
- Нова генерација на Spider
- Avante/ Elantra подготвен

















