Објавено на: 11.03.2010
Со централно поставен мотор, plug-in концептот на Porsche со декларираната потрошувачка од 3 (со зборови: три) литри на 100 km и емисија од 70 g/km CO₂ делува како бајка од приказните. Приказната продолжува и со забрзувањето до 100 km/h за 3,2 секунди, максималните 320 km/h и 7-те минути и 30-те секунди доволни за северниот круг на Нирнбургринг, што е побрзо од Carerra GT, а треба да заврши со 3,4 литарскот V8 со 500 KS остварливи при 9.200 вртежи во минута и електричното подобрување во износ од 160 kW. Погонот, нормално, е на сите четири тркала преку седумстепена PDK трансмисија со двојна спојка, енергијата се чува во водено ладени литиум јонски батерии сместени зад совозачот, а карбон-фибер пластичната каросерија тежи само 1.490 kg.
И не само тоа - Porsche вели дека возачот на 918 Spyder ќе може да бира меѓу четири режима на возење, кои можат да се менуваат со притисок на копче на управувачот: e-Drive само за трошење струја, кога може да помине 25 km; хибриден режим кој нуди најширок ранг на употреба, од крстосувачки економичен до екстрамоќен; спортски во кој исто така се користат и двата извора на сила која претжено доаѓа на задните тркала и е насочена кон остварувањето лични рекорди, и тркачки, за кој не треба ништо да кажеме.
Ај' сега да се вратиме во реалноста: со 918 Spyder, Porsche покажува со какви идеи ќе се користи при дизајнирањето на внатрешноста на неговите идни модели - другото сé уште е само приказна.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- „Мече" со остри заби!
- Виорот на редизајнот го зафати и Caddy
- Зошто не и BMW Х4?
- Од Mazdа најавуваат CX-5 за догодина
- Audi A7 Sportback стана реалност
- Seat Ibiza ECOMOTIVE меѓу „најзелените“
- Конечно SUV од Lamborghini
- Електромобилот на Honda пристигнува во 2012
- Нова генерација на Spider
- Avante/ Elantra подготвен

















