Објавено на: 02.07.2010

Не е тајна дека Duster, СУВ моделот на Dacia, е вистински хит на пазарите во Европа. Оваа француско-јапонско-романска креација ги освојува потенцијалните купувачи, особено помладата популација. Располага со извонредни перформанси, се издвојува со својот дизајн и квалитет што го гарантира Алијансата, во понуда е со погон само на предните и на сите четири тркала, но најмногу од се привлекува цената. Како што велат во канцеларијата за продажба кај македонскиот импортер Аутомотив Груп и кај нас владее голем интерес за ова возило, па веќе се вршат уплати. Рака на срце, купувачите малку ќе почекаат, но сепак желбите се поголеми, па го прифаќаат и ова. Цената на базниот модел кај нас се очекува да е околу 11.500 евра за изведбата со 1,6 литарски бензински мотор и погон само на предните тркала. Секако за нашиот пазар најинтересен е моделот со дизелскиот агрегат од 1,5 литри и погон 4Х4.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















