Кои се Quattroruote
Пристигна Mitsubishi ASX
Објавено на: 09.07.2010
Импортерот  за Mitsubishi Motors во Македонија, МакАутоСтар, го претстави новиот компактен кросовер Mitsubishi ASX. Новиот модел претставува сериска интерпретација на концептот CX, кој беше откриен во 2007 на саемот во Франкфурт.

asx2

ASX најнапред беше лансиран во Јапонија во февруари 2010 под името RVR. По неговата Европска премиера на Geneva Motor Show, повеќето земји во Европа во истиов момент им го претставуваат “the Active Smart X-over” или ASX на своите пазари. Извонредниот кросовер го користи богатото наследство на марката со најголем рејтинг во 4x4 класата и платформата на постариот брат Outlander со кого дели 70% од конструкцијата. Новиот Mitsubishi ASX е изведен на глобалната платформа ‘Project Global’. Оваа платформа претставува реакција на Mitsubishi на многу брзите промени на трендовите на купувачите со оглед на тоа дека големиот интерес за SUV моделите во последнава година е пренасочен на еколошки настроените “crossover” модели.

asx1

За почеток, понудата ќе се состои од два нови мотори. Иновативниот, “the world first” MIVEC 1,8-литарски турбо дизел мотор е со директно вбризгување на гориво, кој со помош на ‘Automatic Stop & Go’ технологијата и мануелниот менувач со шест степени на пренос ја исполнува Euro 5 нормата. Комбинирајќи ја чистата ефикасност на дизелот со MIVEC (Mitsubishi Innovative Valve timing Electronic Control) оптимизацијата на перформансите, ASX овозможува голема моќност и намалена потрошувачка на гориво. Вториот, 1.8-литарскиот DI-D MIVEC мотор, кога е потребно, испорачува вртежен момент за многу енергични стартови, со максимален излез од 150КС. Купувачите ќе можат да одберат помеѓу опциите 2WD и 4WD, избор на преден или погон на сите тркала.
Во понудата спаѓа и 1.6-литаркиот мотор со 116 КС, достапен само со преден погон кој нуди потивко и поекономично возење, направен за да искористи повеќе сила со помали фрикциони загуби. Возачите ќе го ценат потивкото спортско возење, додека челичните компоненти со висока цврстина го намалуваат нивото на бука и вибрации. Следејќи го трендот кај SUV моделите, кај основниот Invite+ пакет и кај 1.6-литарската верзија  на ASX ќе биде вграден само преден погон. Тоа значително ќе ја намали цената и потрошувачката на гориво, а поради помалата маса и намалениот отпор, перформансите на асфалтот ќе бидат подобрени.
Комплетната палета на активна и пасивна безбедност вклучува: “Wide Vision” ксенон светла;  патентираната RISE  зајакната структура на каросеријата; систем за помош за стартување при угорнини; 7 воздушни перничиња вклучувајќи и перниче за колена за возач; панични светла при нагло кочење; ABS сопирачки со EBD; BAS систем за помош при нагло кочење; ASC систем за активна стабилност; TCS систем за контрола на пролизгување на погонски тркала; плус како дополнително уверување за безбедноста во ASX се и 5-те звездички на Euro NCAP тестот.
Новиот Mitsubishi ASX со сите свои карактеристики и новитети со сигурност е најдобриот кросовер на пазарот. Со цена, која ќе стартува од 17.480 евра, ASX може да биде силен играч во класата.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети