Кои се Quattroruote
Kia Venga пристигна во Македонија
Објавено на: 15.07.2010
И отиде право во рацете на Влатко Илиевски

Увозникот на Kia за Македонија го претстави најновиот модел на корејската марка - малиот моноволуменец Venga, кој заради своите полувисоки димении попрво би го сместиле во Б сегментот. Но, само однадвор, бидејќи внатрешноста во која е пренесен нејзиниот свеж дизајн, има повеќе место отколку што се очекува.

Прв во овие уникатни карактеристики на Kia Venga ќе има можност да се увери новото заштитно лице на Kia, Влатко Илиевски, кој својот младешки ентузијазам одлично ќе го дополни со атрактивниот изглед на Venga, чија цена за Македонија е позиционирана на изненадувачки 10.600 евра, за кои се добива сé - само желбата за дружење со неа е оставена на вас.

Kia Venga, која има 5 години гаранција, се произведува во Чешка и ќе се продава исклучиво во Европа.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети