Објавено на: 16.07.2010

Капитализмот неповратно навлегува во сите сфери во кинеското општество - најдобар доказ за тоа се серијата штрајкови кои ги зафатија погоните на Honda во земјата, кои сé уште не стивнуваат. Според неофицијални извори од страна на работниците, тие стапиле во штрајк откако менаџментот на компанијата Atsumitec во градот Фошан која произведува рачки за менувачи, отпуштил стотина вработени. Досегашните штрајкови беа исклучиво за зголемување на платите, за кои и локалните власти се сложија дека треба да се зголемат. Со цел спречување на сличен бран штрајкови, дел од останатите странски компании во Кина реагираа уште пред работниците погласно да започнат да си ги бараат правата што мислат дека им следуваат и ја "подобрија комуникацијата" со нив.
Нормално, информациите за штрајковите заради цензурата тешко доаѓаа до ушите на домашната јавност, и покрај тоа што државната агенција Ксинхуа во своите соопштенија на англиски јазик редовно го информираше светот за тоа.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- За безгрижно паркирање
- Мекферсон ослонување од карбонски влакна
- Производителите против правилата на ЕУ
- Поинтелигентни предни светла
- Скок за 50% до 2014 година
- Ferrari ги повлекува сите модели 458 Italia
- Maybach останува во живот !
- Играчите на Баерн со нови Audi возила
- Peugeot 206 CC најпродаван на сите времиња
- На ред Touareg R
















