Кои се Quattroruote
Батериите на Volt со 8 години гаранција
Објавено на: 17.07.2010
Chevrolet објави дека електричниот Volt ќе има гаранција како ниту еден друг автомобил на пазарот

Батериите на Chevrolet Volt, чие производство ќе започне во август, ќе имаат 8 години или 100.000 милји гаранција. До ваквиот исклучително висок период е дојдено по обемните тестирања на сите 161 компонента од кои се составени, со што е исклучена секакава можност за нивно прегревање, краток спој или, не дај боже, пожар. Тестирањата се извршени во амбиентални опкружувања со температура од -25 до +50° C, а системот за управување со нив десет пати во секунда проверува за можна грешка. Капацитетите за производство на батериите за Volt ги посети лично претседателот Барак Обама, кој приликата ја искористи и да сврти едно кругче со него.

Volt е опремен со литиум-јонски батерии со капацитет од 16 kWh, со кои може да помине околу 60 km, после што се вклучува бензинскиот мотор кој работи исклучиво како генератор за производство на струја за задвижување на возилото.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети