Avante/ Elantra подготвен
Објавено на: 21.07.2010
Објавено на: 21.07.2010
Hyundai Motor потполно новиот Avante, кој на пазарите надвор од Кореја ќе се продава како Elantra, го претстави на Салонот во Бусан, но само екстериерот, а пред неколку дена го покажа и ентериерот.

Hyundai од овој новитет очекува многу, посебно имајки го во предвид фактот дека од 1990 година до сега во целиот свет се продадени повеќе од шест милиони примероци. Корејците во своите последни информации истакнуваат дека новината Avante/Elantra располага со поелегантни линии во однос на претходникот, со многу побогата опрема, повисок степен на безбедност и агрегати со поголема економичност и мала емисија на гасови. Во агрегатската понуда ќе биде и 1.6L Gamma бензинецот, со директно вбризгување на горивото, кој располага со 103kW/140KS и вртежен момент од 167 Nm, во спрега со шестстепен автоматски менувач.
Продажбата во Кореја стартува за неколку месеци, а на другите пазари ќе ја видиме догодина.

Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Peugeot 208
- Во чест на годишнината
- Кога страста е посилна од сé
- Citroen многу силен на домашна почва
- Hyundai со iX20 во Париз
- Audi A1 започнува со продажба
- На ред и Kia Forte хечбек
- Toyotа со два новитети во Париз
- Citroen DS4 сепак со деби на домашен терен
- Shinari најавува нов дизајнерски стил на Mazda
















