Објавено на: 21.07.2010

Планот за понатамошниот настап на електромобилот на Honda го обелодени Таканобу Ито, претседателот на компанијата потврдувајки дека нема иднина во светот на автомобилизмот се додека не се намали на минимум, па и на нула, емисијата на штетни гасови, истакнувајки дека наредните 10 години ќе бидат вистински тест за преживување за сите производители, па и Honda. Што побрзото пристигнување на добри возила со прифатливи цени, суштински е на патот на постигнување на успех во иднината, тврди Ито и смета дека токму во електромобилите е новата автомобилска визија.

Детали за возилото ќе бидат истакнати наскоро, а Ито не заборави во „јапонски стил“ да се критикува и сам себе, напоменувајки дека Honda малку и доцни на ова поле. Пој потенцираше дека Nissan веќе почна да прима нарачки за неговиот електромобил Life, кој ќе се најде на пазарите во САД и Јапонија на крајот од годинава, Mitsubishi на стартот од 2010 почна со продажбата на iMiEV, а Toyota на големо соработува на заеднички развој нанеколку модели, на ова поле, со Tesla.

Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Chevrolet со повеќе новитети во Градот на светлината
- Освежување за Mazda2
- Помалиот MINI пристигнува во 2012 година
- Seat Flexus Concept
- Lexus го освежи IS
- И Bentley со свој адут во Париз
- Специјалитет со поинаков вкус од Штутгарт
- Kia со мини концепт во Париз
- BMW го потврди Gran Coupe
- Cruze и во хечбек верзија
















