Објавено на: 21.07.2010

Новата Ibiza ECOMOTIVE е поеколошка од последната верзија благодарение на намалената емисија на CO2 од само 89 г/км и намалената потрошувачка на гориво од само 3.4 литри на 100 километри. Новиот модел на SEAT со 1.2 TDI CR 75 кс мотор е опремен со DPF партикуларен систем и со системот за обновување на енергијата и Старт / Стоп функцијата притоа овозможувајќи да биде еден од најеколошките автомобили на пазарот. Покрај тоа, ова е единствениот модел кој е со пет врати, стандарден клима уред, одлична моќност на моторот, а сепак обезбедува ниско ниво на штетни гасови CO2 од само 89 г/км. Иако за прв пат SEAT Ibiza ECOMOTIVE ќе се појави во септември, сепак потенцијалните купувачи можат да го нарачаат уште сега најеколошкиот модел кај официјалните дилери на SEAT. Новиот најеколкишки модел SEAT Ibiza ECOMOTIVE е достапен во сите три варијанти – пет вратна, SC и ST и сите три варијанти се комплетно опремени.

Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Chevrolet со повеќе новитети во Градот на светлината
- Освежување за Mazda2
- Помалиот MINI пристигнува во 2012 година
- Seat Flexus Concept
- Lexus го освежи IS
- И Bentley со свој адут во Париз
- Специјалитет со поинаков вкус од Штутгарт
- Kia со мини концепт во Париз
- BMW го потврди Gran Coupe
- Cruze и во хечбек верзија
















