Објавено на: 22.07.2010

Зголемената бројка на кражби, кои во првото полугодие годинава се искачија на 1.243, односно по скоро 7 секој ден, беше причина македонската полиција во соработка со ОБСЕ да започне со превентивната акција "Јас го заклучувам мојот автомобил, а вие?", која има за цел да се зголеми свеста на граѓаните. Опасноста од отклучениот автомобил е не само што тој ќе биде "испразнет", туку и што ги предизвикува, а со тоа и охрабрува крадците да тргнат во "посериони" зафати.
Од возилата најмногу се крадат паричници, чанти, преносни компјутери, јакни, па дури и очила за сонце. Како најкритични зони во Скопје се посочени Бит Пазар, Чаир, Карпош, Гази Баба и Центар, додека како најбезбедни, иако не располагаат со чуварска служба, се сметаат платените паркинзи, бидејќи вработените на нив кои секогаш се тука некаде во близина на паркираните автомобили, ги одвратуваат крадците.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















