Објавено на: 22.07.2010

Различен е од сé досега видено и ги менува вообичаените класични дизајнерски кодови, наметнувајки иновативни решенија, никого не оставајќи го рамнодушен. Како пример ќе го наведеме делот кој во облик на перка од ајкула ја истакнува неговата динамичност и прави како покривот да "плови" над автомобилот. Логото го изразува карактерот на целиот автомобил и се наметнува како потпис на некое ремек дело. Кога се деталите во прашање, DS3 игра на карта на дискретен луксуз, што е карактеристика на поголемите автомобили. Поседува висок квалитет на завршната обработка, екстериерот и ентериерот сјаат со суптилен и рафиниран дизајн, а DS3, задржувајки го својот дух, станува современа модна икона.
Со специфични опции за персонализација, DS3 има можност да се комбинира во 38 различни бои - од бојата на покривот, преку колоритот на каросеријата, сé до тркалата. Внатрешноста која е рефлексија на надворешниот изглед, со многу технолошки иновации на свој начин потврдува дека станува збор за автомобил на 21 век. Должината на автомобилот е 3.950, широчината 1.710 и височината 1.460 милиметри, а зафатнината на багажникот 285 литри.
Што се однесува до моторите, во палетата се дизелските 1.4 HDFi со 70 KS и 1.6 HDiF со 90 KS и 110 KS, како и три бензински: 1.4 VTi со 95 KS, 1.6 VTi со 120 KS и 1.6 THP со 150 „коњи", сите стандардно опремени со мануелен шестстепен менувач, додека 1.6 VTi може да се добие и со автоматски менувач.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















