Објавено на: 22.07.2010

Во близина на новата тркачката патека во Абу Даби, во Yas Марината, каде годинава ќе се одржи финалната трка од првенството во Формула 1, се гради најголемиот Ферариев тематски парк во светот. Овој атрактивен забавен парк, кој ќе има црвен покрив со логото –„коњче во скок“, ќе биде отворен на 28 октомври.
На површина од над 200.000 квадратни метри се наоѓаат повеќе од 20 атракции од кои е најпопуларниот – возот на смртта, кој развива и до 240 km / h. Железничката патека долга два километри, има за цел да направи чувство дека се возите во Формула 1, а со тоа и да се постигнат 100 км / ч за две секунди, додека во свиоците Г-силите буквално ве приковуваат за местото. Во останатите активности вклучени се виртуелната посета на фабриката во Маренело, како и посета на атрактивни места во Италија, Портофино, Монца, Венеција, Рим....
назад кон вестите од оваа категорија
Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- За безгрижно паркирање
- Мекферсон ослонување од карбонски влакна
- Производителите против правилата на ЕУ
- Поинтелигентни предни светла
- Скок за 50% до 2014 година
- Ferrari ги повлекува сите модели 458 Italia
- Maybach останува во живот !
- Играчите на Баерн со нови Audi возила
- Peugeot 206 CC најпродаван на сите времиња
- На ред Touareg R
















