Кои се Quattroruote
Fiat во Крагуевац ќе произведува минивани
Објавено на: 23.07.2010
Наместо во фабриката Мирафјори во Торино, наследникот на миниваните Idea и Multipla, Fiat ќе ги произведува во Крагуевац

И покрај заложбите за зголемување на годишното производство во матичната земја од ланските 650.000 на 1.150.000 возила до 2014 година, непостигнувањето договор со синдикатите резултира со постојана, да не кажеме дневна промена на долгорочните планови што лани во декември ги објави Серџо Маркјоне. Најновата измена се однесува на Zastava, која од крајот на идната или почетокот на 2012 година ќе започне со производство на идната генерација моноволуменски возила, кои треба да ги наследат Fiat Idea и Multipla, додека Lancia Musa не се споменува. Својата изјава за оваа одлука Маркјоне ја поткрепи со најавата за вкупна инвестиција од милирајда евра во капацитети за производство на 190.000 возила годишно во Крагујевац од моделот со кодна ознака Lo. Истовремено, ставено е на знаење дека дополнителните инвестиции во италијанските погони ќе зависат исклучиво од резултатите од „соработката" со работниците, и тоа со зборовите: „Ние инвестираме во производството на новата Panda во Италија и Италија треба да ни покаже дека земјата сака да остане производител на возила. Без тоа, ние ќе одиме понатаму - светот е полн со локации кои ќе им посакаат добредојде на инвестициите на Fiat."

Од она што досега се знае, четири други модели на Fiat наместо во Италија, како што првобитно беше планирано, ќе се произведуваат во странство: Alfa Romeo Giulia, наследникот на Chrysler Sebring и нов помал седан за Chrysler и Dodge, додека производството на Panda ќе се пресели од Полска во Помиљано.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети