Кои се Quattroruote
„Се продава Yugo од 1987 година, одлично сочувано"
Објавено на: 23.07.2010
Вакви огласи кај нас има без број, но кога вакво нешто ќе се појави во американскиот печат, има поинаква „тежина"

Изразена во долари, таа изнесува дури 14.500, што е премногу дури и за нивните, пречесто извитоперени критериуми. Високата вредност на Yugo GV (иронично или не, кратенката GV доаѓа токму од зборовите Great Value) од 1987 година со број на шасија VX1BA1215HK348881 и ниво на опрема Sport (не го сфаќајте овој збор сериозно), се оправдува со поминатите само 1.826 милји, односно 2.938 километри.

Секако, веднаш се појавија злобни (но за жал, со голема доза на вистинитост во себе) коментари дека вака малиот број поминати километри се должи на фактот дека возилото постојано вило во дефект, но тоа не го спречи неговиот сопственик од Лас Вегас (tel.: +1-702-794-3174, faks: +1-702-794-3182, mobilen: +1-702-217-0626) и понатаму да бара купувач за него, ниту оваа вест да го обиколи светот.

Yugo има посебно место во американската автомобилска историја како возило кое со агресивна рекламна кампања и уште поагресивна цена од 3.990 долари (без даноци и такси, со нив изнесуваше нешто над 4.500) на јуриш да го освои американскиот пазар и да стане дел од нивната субкултура. Но, лошиот квалитет на возилата и слабата постпродажна поддршка си го сторија своето и од 48.812 возила, колку што изнесуваше продажбата во рекордната 1987 година, да падне на 3 илјади во 1991, својата последна година живот на американскиот пазар.

Погледнете неколку реклами од тоа време.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети