Кои се Quattroruote
Без срце сите би биле машини
Објавено на: 25.07.2010
Токму со овој слоган и зборовите на Шекспир: "Ние сме од таков материјал, од кои се направени и сништата", кои ги цитира актерката Ума Турман, тече кампањата за новата "перјаница" на Alfa Romeo

Кратко време по лансирањето на салонот за автомобили во Женева, во продажните салони на македонскиот импортер "Аутомобиле СК" се најде најновото остварување на Alfa Romeo, моделот Giulietta. Како еден од моделоте со кои се одбележува едновековното постоење на компанијата, ќе се обиде да постави некои нови стандарди во сегментот на премиум компактите. Giulietta е наследник на досегашниот модел Alfa 147, кој најнапред требаше да се вика Alfa Romeo 149, па потоа Milano, за да на крајот нејзините "кумови" се потсетат на минатото, кога во 50-тите години токму една креација со ова име ја улови фантазијата на автомобилските ентузијасти низ целиот свет, правејќи го за прв пат реален сонот да се стане сопственик на еден модел на Alfa, во кој се вплотуваат задоволството и совршенството.

Alfa Giulietta ќе се нуди со пет турбо мотори, четири од нив со еколошко ниво Euro 5 и со Start & Stop систем. Бензинските мотори се 1.4 TB со 120 KS и 1.4 TB MultiAir со 170 KS, дизел агрегатите од втората JTDM генерација се 1.6 со 105 и 2.0 со 170 KS, додека нешто подоцна ќе дојде и бисерот Quadrifoglio Verde со 1,75 литаскиот TBi мотор со 235 KS.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети