Објавено на: 27.07.2010
Задржувајќи ги основите стилски карактеристики од ланскиот детроитски концепт, петвратното луксузно купе на Audi е позиционирано меѓу А6 и А8 и ќе ги спојува најдобрите нешта од три света: спортската елеганција на купе возилата, комфорот на седаните и практичноста на караваните. Долго само малку под 5 метри, стрикно е наменето за 4 патници. но затоа под петтата врата се крие багажник од 535 литри, споосбен да нарасне до 1.390.
Механички, поголемиот брат на A5 Sportback е базиран на идната генерација на А6, која во седан и караван верзии се очекува идната година. За него се предвидени V6 мотори, два бензински и два дизел, сите со директно вбризгување на горивото, систем за регенерирање на енергијата и старт/стоп технологија: 2.8 FSi со 204 KS, 3.0 TFSi со 300 KS и две верзии на 3,0-литарскиот TDi, со 204 и 245 KS. Секако, Quattro системот и S-Tronic менувачот со двојна спојка нема да му бидат непознаница. Во иднина очекуваме да ги видиме и перформансно ориентираните S7 и RS7 варијанти, како и хибриден модел за кој се зборува дека ќе биде додаден на гамата на A7 Sportback веќе идната година.
Audi A7 Sportback во продажба ќе се најде оваа есен, по цена која во Германија ќе започнува од 51.600 евра.
за повеќе информации кликнете тука
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Peugeot 208
- Во чест на годишнината
- Кога страста е посилна од сé
- Citroen многу силен на домашна почва
- Hyundai со iX20 во Париз
- Audi A1 започнува со продажба
- На ред и Kia Forte хечбек
- Toyotа со два новитети во Париз
- Citroen DS4 сепак со деби на домашен терен
- Shinari најавува нов дизајнерски стил на Mazda



















