Објавено на: 27.07.2010

Постојат разни специфични групи на фанови на некоја марка, а една од нив секако се возачите на Hondа. За разлика од „Алфистите“ кои ги красат италијански атрибути: романтични, префинети..., оние хондините фанови се многу поинакви, тие горат од желба да ја потенцираат техничката и механичката супериорност. За спортските карактеристики и двете групи се тука некаде... Но, кога е во прашање економичноста, а во последно време и еколошкиот момент, тогаш оние хондините засега се во некоја предност, особено по Салонот во Женева каде беше преставен новитетот CR-Z.
Свое светско деби имаше впрпчем на Салонот во Детроит, но далеку поголема помпезност доживеа на европското деби на брегот на Женевското Езеро. Со обликот и името многу потсетува на легендарната спортска изведба CRX, од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите. Европски дополнувања се: 2+2 седишта и LED дневни светла, а останатите спецификации на хибридното купе се исти - 1,5 литарски бензински мотор со паралелен хибриден систем, шестстепен мануелен менувач и просечна потрошувачка од 5,0 литри на 100 km. Honda CR-Z е првиот хибрид во светот што има на располагање мануелен менувач, каде максимизира изборот на возачот и со 3-Mode системот, кој параметрите на возилото (одговорот на педалата за гас, управувањето, нивото на асистенција на хибридниот дел од погонот, но и климатизацијата) ќе ги прилагодува на три стила возење: спортско, економично и нормално.

Дизајнерски гледано врската со CRX е во силуетата и задниот дел. Ова е модерен купе кој нуди и до 400 литри багажен простор и задна клупа каде слободно може да се сместат и двајва патници. Агилност му даваат посебно регулираното подвозје и потпирање, краткото меѓуоскино растојание и широката трага на тркалата. Освен ова автомобилот е богато опремен, како од сигурносна гледна точка, така и од аспект на удобноста.
Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















