Објавено на: 28.07.2010
Освен измените на предниот дел во новосоздадениот и апсолутен стил на марката, новиот Caddy има само уште малку поинакви задни светла - повеќе од тоа не ни беше потребно. Измените во внатрешноста се набројуваат со новиот управувач, ревидираната инструмент табла и поквалитетните материјали, а за прв пат и вториот ред седишта е комплетно отстранлив кај сите верзии, со што се добива карго простор од 3.030 литри кај нормалната, односно 3.880 литри кај Maxi верзијата.
Новиот Caddy може да се пофали и со ESP и дневни светла во стандард, но сепак најмногу ќе се фали со новата гама мотори, сите со турбо компресор и директно вбрзигување, а нема да бидат непознаница ниту DSG, 4Motion, BlueMotion и старт/стоп системите. Нејзиниот дизелски дел е распослан меѓу 75 и 140 KS, а бензинскиот меѓу 86 и 105.
Новиот Caddy на пазарот ќе се појави кон крајот на септември.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Chevrolet со повеќе новитети во Градот на светлината
- Освежување за Mazda2
- Помалиот MINI пристигнува во 2012 година
- Seat Flexus Concept
- Lexus го освежи IS
- И Bentley со свој адут во Париз
- Специјалитет со поинаков вкус од Штутгарт
- Kia со мини концепт во Париз
- BMW го потврди Gran Coupe
- Cruze и во хечбек верзија



















