Објавено на: 30.07.2010
Почнувајќи од 16 јуни годинава, стапи на сила одлуката на Европската комисија за задолжителна имплементација на дигиталните тахографи во камионите и автобусите. Оваа одлука се однесува и за државите кои не се членки на ЕУ, но чии возила сообраќаат на нивните патишта. За вкупно 12 земји надвор од Унијата, меѓу кои е и нашата, почетокот на примената на возачките мемориски картички се пролонгира до 31 декември годинава, но се бара калибрација на возилата што се веќе регистрирани и опремени со дигитални тахографи.

Ова меѓу другото беше истакнато на посебното советување организирано од страна на македонската компанија „Велмар", која е директно инволвирана во оваа област. На него, претставникот на Tacho Control Semmler, Вокер Менсинг, укажа на неопходноста од употребата на дигиталните тахографи. Тој потенцираше дека воведувањето на овие инструменти првенствено ќе влијае на создавање на подобри услови за превозниците, а посебно во делот на нивната заштита во патниот сообраќај, спречување на нелојалната конкуренција и пречекорувањето на максималното неделно работно време на возачите. Со новите дигитални тахографи и воведувањето на GPRS мрежа во секое возило во иднина, ќе се бараат алтернативни патишта со цел да се растоварат оние кои се пребукирани, а камионите и автобусите со оваа новина не ќе мораат да застануваат на наплатните рампи, бидејќи ќе можат патарините да ги наплатуваат по извршената контрола на мемориските картички. Овој навистина револуционерен систем континуирано се усовршува и секако е многу важен елемент за безбедноста на патиштата.
„Македонија сообраќај" - АМЕРИТ ќе издаваат четири вида мемориски картички: за возачи, за фирми, за државните (контролни) органи и за сервисните работилници. Поединечната цена на овие картички ќе биде 32 евра. Превозниците се должни да вршат архивирање на податоците на секои 28 дена. Приемот на податоците што ќе стојат на мемориските картички, како и нивното издавање, ќе се врши во дирекцијата на „Македонија сообраќај", каде ќе се врши и обуката за користење на овие картички. Картичките се во фаза на изработка и ќе бидат готови до крајот на годината.
Во меѓувреме, се екипираат и местата каде ќе се врши калибрацијата на возилата, односно центрите за нивна регистрација. Потребната апаратура засега ја имаат „ПСС" и „Здружението на возачи" на град Скопје.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















