Кои се Quattroruote
„Мече" со остри заби!
Објавено на: 30.07.2010
По неколкуте шпионски фотографии на новата генерација на Mercedes-Benz SLK, неодамна беше фатена „на дело" и најврвната изведба на овој модел, која во името ја има и ознаката AMG

Овие фотографии сепак не се со толкава камуфлажа, така што можат да се доловат и некои детали за возилото. Дизајнот донесува неколку смели зафати, во тренд на она што го диктира куќата, а од AMG не кријат дека за овој новитет подготвуваат неколку пријатни изненадувања. Од она што треба да се издвои се подобрениот систем за сопирање, четирите издувни цевки, десеткраките тркала од лесен метал, како и 5,5-литарскиот V8 твин-турбо мотор со 544 KS и 800 Nm максимален вртежен момент.

Со вака високите бројки, новата генерација на SLK AMG нема да остави многу место за некои посебни тјунерски модификации. Но, за тоа ќе дознаеме на стартот на идната година, кога ова издание се очекува на патиштата.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети