Кои се Quattroruote
Opel нуди седишта кои вентилираат и ладат
Објавено на: 30.07.2010
Високите летни температури кои завладеаја во поголемиот дел од Европа одново ја наметнаа темата: Како да се разладиме?

Opel има совршено решение за удобно возење кога живата во термометарот постојано потскокнува. Покрај вообичаената климатизација, како дел од премиум пакетот на Insigniа се нуди и седиште за возачот со вентилација. За ова седиште, обложено со кожа, вреди да се напомене дека го доби сертификатот за посебен квалитет од здружението „Акција за здрав грб" (AGR).

Дискретното струење на воздухот ја остранува влагата која се создава како последица на потењето на деловите каде телото на возачот го допира седиштето, со што, без никакво „дување", се создава освежувачки ефект на ладење. Ефикасно спречувајќи ги болките и напнатоста во грбот, AGR седиштата на сите оние кои имаат некакви проблеми сега им овозможуваат да уживаат во возењето. AGR сертификатот се издава само на ергономски производи во согласност со строгите медицински барања поставени од страна на независна група експерти. Opel е вториот автомобилски производител што се здобива со ваков сертификат.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети