Кои се Quattroruote
Националниот избор влегува во своето финале
Објавено на: 02.02.2009
Во предвечерието на годинешниот избор, членовите на жирито, придружувани од претставниците на импортерите и автомобилските новинари, ги направија последните проби на шесте финалисти за титулата "Автомобил на 2009 година" во Македонија

Најдобрите меѓу годинешните новитети на нашиот пазар го поднесоа својот последен товар во оценувањето за изборот на автомобилот на годината во Македонија. Сега товарот е на плеќите на членовите на жирито, кое согласно правилата на изборот и критериумите според кои се оценуваат возилата, треба да го избере најдобриот меѓу најдобрите. Во чии раце годинава ќе отиде позлатената статуетка во вид на стилизиран ладилник, која традиционално се доделува веќе 14 години, ќе дознаеме многу бргу откако членовите на жирито ќе ги сумира сите впечатоци што во текот на изминатиот период им ги оставија годинешните финалисти: Hyundai i10, Seat Ibiza, Honda Accord, Suzuki Splash, Renault Megane и Volkswagen Golf. Како критериуми според кои ќе одлучува, жирито во состав: Зоран Коцев, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ, Горан Антевски, Агрон Сулејман и Томислав Биљарац, ги има адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичностаи еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот, комфорот и опременоста.

Досегашни носители на титулата "Автомобил на годината" во Македонија се: Fiat Bravo/Brava (1996), Renault Megane (1997), Opel Astra (1998), Škoda Octavia (1999), Fiat Punto (2000), Seat Leon (2001), Toyota Corolla (2002), Mazda6 (2003), Mazda3 (2004), Seat Altea (2005), Volkswagen Passat (2006), Opel Corsa (2007) и Kia Cee'd лани.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети