Објавено на: 06.02.2009

Освојувајќи четири гласа од членовите на жирито, Volkswagen Golf во однос на критериумите според кои жирито ги оценува возилата беше поуспешен од останатите конкуренти, од кои уште Renault Megane освои два гласа. Жирито годинава одлучи да додели и две специјални признанија :
- за безбедност на Renault и
- за постигнатите резултати во своите ПР активности на импортерот на Hyundai, Кореа Авто Трејд.
Изборот на автомобилот на годината во Македонија годинава се одржува по 14-ти пат. Жирито во состав: Зоран Коцев, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ, Горан Антевски, Агрон Сулејман и Томислав Биљарац, согласно правилата на изборот и критериумите според кои се оценуваат возилата, го избра автомобилот на 2009 година во Македонија меѓу годинешните финалисти: Hyundai i10, Seat Ibiza, Honda Accord, Suzuki Splash, Renault Megane и Volkswagen Golf. Критериумите според кои одлучуваше се: адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.
назад кон вестите од оваа категорија
Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Opel Astra е официјално Автомобил на 2010 година во Македонија
- Opel Astra автомобил на 2010 година во Македонија
- Финалето се ближи кон својот крај
- Гласајте за вашиот фаворит
- Стартуваше големото финале
- Стартуваше изборот на автомобил на 2010 година
- Свечено доделување на наградата „Автомобил на годината во Македонија“
- Volkswagen Golf VI автомобил на годината 2009
- Националниот избор влегува во своето финале
- Познати финалистите за автомобил на годината 2009
















